Рецепт за совршено мохито

mojito-cocktail-drink

Освежителен коктел кој со својот вкус ќе ве пренесе во Куба. За неговото потекло постојат повеќе приказни. Едната е дека на мохитото му претходел пијалок познат како El Draque, кој всушност во 16-ти век се користел во медицински цели и со тек на време, претпрел измени кои го направиле совршениот вкус на мохитото.

Другата приказна вели дека робовите на кубанските шеќерни полиња се креатори на мохитото. Иако постојат различни варијации во неговата подготовка, мохитото успева со секоја голтка мохито ги скокотне вашите сетила, да ве опушти и да ве пренесе во Куба.

За максимално уживање во омилениот пијалок на Ернест Хемингвеј, денес со вас споделуваме рецепт за совршено мохито.

Состојки

• 15 свежи ливчиња од нане
• Сок од 2 зелени лимона (лимети)
• ½ зелен лимон, исечкан на 4 делови
• 2 лажици бел шеќер
• 150gr мраз, кршен
• 45ml Key Rum
• 250ml минерална вода

Подготовка

За да се постигне уникатниот вкус на мохитото претходно се подготвува сируп од шеќер. Целта на сирупот е да го избалансира киселиот вкус на зелен лимон.

Во сад ставете подеднаква количина на шеќер и вода, односно една шолја вода, една шолја шеќер. Ставете ги на оган и оставете шеќерот да се стопи во водата. Потоа, тргнете на страна додадете 15 ливчиња свежо нане и оставете да се олади. Колку подолго останат ливчињата нане во водата, толку позасилен ќе биде вкусот на мохитото.

Додека се лади сирупот, исцедете го зелениот лимон. Свежиот сок од зелен лимон е клучна состојка.

Потоа почнете со подготовка на чашите. Во празни чаши ставете неколку ливчиња од нане и со дрвен толчник гмечете ги за да се ослободи сокот и вкусот од нането. Потоа додадете го шеќерот и продолжете уште малку со толчење на нането и шеќерот. На крај, ставете од мразот, отприлика да се наполни половина чаша.

Потоа почнете со додавање на румот, сокот од зелен лимон, додадете околу 30ml од сирупот и на крај додадете ја минералната вода. Промешајте и доколку има место во чашата, додадете уште малку мраз.

Декорирајте со парче зелен лимон, послужете и уживајте во магијата на Куба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*