Текилата е позната како пијалок кој се пие во друштво, најчесто во комбинација со сол и лимон. Но, текилата е исто популарен пијалок за забавни и освежителни коктели, од кои секако, најпознат и најнеизбежен е маргаритата.
Не се знае точно како настанал овој коктел – повеќе различни луѓе и барови во САД и Мексико тврдат дека го создале овој коктел. Денес тој коктел е признаен од Меѓународната асоцијација на бармени (International Bartenders Association – IBA), и се прави во размер 7:4:3 (значи, 50% текила).
Потребни состојки:
- 3.5 cl Tres Sombreros Tequila
- 2 cl Stock Triple Sec
- 1.5 cl сок од зелен лимон
Подготовка
Работ на чашата треба да се помине со кришка зелен лимон за да се залепи солта на неа. Останатите состојки се мешаат во шејкер со мраз и се сипаат во чашата со мраз.
Маргаритата е коктел кој дозволува експериментирање. Освен тоа што секогаш мора да има 50% текила, може да се додаваат и други сокови, како на пример, портокал, манго, праска, јагода, како и други ликери, како на пример, blue curacao, Grand Marnier итн.
Уживајте! 🙂