Водкасти гумени мечиња

gummi-bears-318363_640

Има еден мал трик кој може да ги направи гумените мечиња заштитен знак и на вашите зрели години.

Дали сте знаеле дека може да им го подобрите вкусот со помош на водка? 🙂

Можете. Иако е едноставна подготовката, може да потрае и една недела, но верувајте – резултат вреди да се чека и подолго!

Потребни состојки

• 350ml Vigor Vodka Classic
• 1kg гумени мечиња
• 1 конзерва замрзнат овошен сок по желба

Подготовка

Истурете ги гумените мечиња во поголем сад и сипете ја водката. За да добиете поегзотичен вкус, може да употребите и Vigor Vodka со вкус. Измешајте убаво и затворете го садот со капак. Ставете го во фрижидер да се олади во текот на наредините неколку дена, обично се остава минимум 5 дена. Повремено во текот на денот промешувајте.

После неколку дена, гумените мечиња ќе впијат поголемиот дел од водката во садот и ќе станат поголеми. Откако ќе пораснат мечињата, доаѓа моментот да се истури сокот. Целта на сокот е да го ублажи силниот алкохолен вкус. Го истураме сокот во садот, мешаме и заедно со остатокот од водката, мечињата повторно ги враќаме во фрижидер да отстојат уште 4 дена. Доколку се остават повеќе или помалку време, може да се промаши вкусот. Мешајте повремено за да не дојде до слепување на мечињата.

После 4 дена може да почнете со уживање во вкусот на гумените мечиња. Бидете сигурни дека ќе успеете на сите кои ќе ги пробаат да им го разубавите денот.

Сепак, внимавајте со овие мечиња – и покрај нивниот невин изглед, тие, како и секој алкохол, треба да се конзумираат умерено!

П.С. Задолжително чувајте ги во фрижидер мечињата кои нема да се изедат веднаш!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*