Кул факти за текилата (втор дел)

pulque-1
Првиот дел од овој текст прочитајте го овде.

6. Археолозите откриле дека синото агаве се одгледува околу 9000 години (од страна на ацтечката цивилизација); сепак, пуљке (скромниот претходник на текилата) било откриено пред само 1000 години. Сепак, милениум е импресивен период за развој на еден алкохолен пијалок.

7. Ова е можеби најинтересниот факт. Ацтеките го откриле ‘пуљкето’ кога гром утрил во агаве, варејќи ја неговата внатрешност и предизвикувајќи излевање на сокот. Бидејќи овој пијалок бил благ и алкохолен, Ацтеките сметале дека пијалокот е дар од боговите што ја отворил комуникацијата меѓу нив и смртниците. Овој пијалок смееле да го пијат само свештениците и благородниците.

8. Многу корисен факт – текилата се расипува. Ако отворите шише текила, подобро испијте го во рок од месец или два, бидејќи оксидацијата и испарувањето го намалуваат квалитетот на текилата и се губи карактерот на агаве. Добрата работа е што сепак текилата дури и расипана потсеќа на виски.

9. Технички, текилата може да се смета за мезкал (друг мексикански пијалок направен од агаве). Во суштина се работи за ист пијалок, но текилата е подобра и порафинирана верзија на мезкал произведена во одреден географски регион, на сличен начин како што и скочот е назив за најдобриот и најрафиниран тип на виски.

10. Мексико многу се грижи за иднината на производството на текила. Синото агаве е прилично чувствително растение во врска со неговата околина, а исто така, многу е подложно на болести кога не го добива тоа што му треба. Растението созрева за 12 години така што потценување или натценување на идната побарувачка на пијалокот ќе предизвика огромни флуктуации во пазарот.

Па. што велите? Да наздравиме со боговите со текилите Tres Sombreros Silver и Tres Sombreros Gold!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*