Замрзнати чаши за вистинско уживање

49d994ce

Лето, викенди, забави – нема подобар период од овој за уживање во добро друштво и добри коктели. Денес ви претставуваме уште еден битен момент при подготовка на коктели кој може да го направи задоволството неверојатно.

Една од клучните работи кога послужувате коктели е температурата на чашата во која послужувате да биде соодветна на тепмературата на коктелот: ладните коктели се служат во замрзнати чаши, топлите коктели во чаши со собна температура.

Користењето на оладени или замрзнати чаши овозможува коктелите да останат ладни подолго, ледот во коктелот е покрцкав и се добро естетско надополнување на финалниот изглед на коктелот.

  • Замрзнувач – наједноставен метод, но не секогаш има доволно место за чаши. Ставете ги чашите во замрзнувачот најмалку 3-4 часа пред да сипете коктел во нив. Доколку имате можност, чувајте неколку чаши во замрзнувачот постојано, бидејќи не постои пијалок кој не оди добро со замрзнати чаши.
  • Кофа за мраз – доколку немате доволно место во замрзнувачот, искористете кофа за мраз. Наполнете ја цела со мраз, па чашата со отворот забодете ја во мразот и оставете ја 30-тина минути да се олади.
  • Брзо ладење – доколку не можете да искористите ниту еден од горе наведените методи, тогаш земете мраз, количински повеќе, наполнете ја чашата со него и ако можете набијте го мразот во чашата. Оставете го во чашата дури го подготвувате коктелот. На крај истурете го мразот од чашата и сипете го коктелот. Или пак, доколу рецептот дозволува, сипете го коктелот врз мразот.

Прилично едноставен начин да постигнете WOW ефект како коктел домаќин!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*