Поинакви коцки мраз за коктели

Идеалното освежување во летните денови е коктелот. Но, секогаш постои начин како да го оплемените домашно приготвениот коктел и да уживате во повкусно освежување.

Една од основните состојки на секој коктел се коцките мраз. Токму со нив можете да бидете прилично креативни и од коктелот да направите вистинско чудо, како за око, така и по вкус. Сè што треба да направите да оставите инстинктот да ве води и да мешате овошни вкусови и вода, да ги замрзнете и да добиете неверојатни коцки мраз. Кој вкус ќе го вметнете при замрзнување на коцките мраз, зависи од самиот коктел кој го подготвувате.

Како за почеток ние ќе ви помогнеме со неколку идеи кои ќе ви ја разбудат фантазијата и ќе ве поттикнат да направите супер вкусно надополнување на вашиот коктел.

Лимон и портокал

Состојки:

  • 350ml сок од портокал
  • 2 супени лажици сок од лимон
  • 1 лажичка рендана кора од лимон

Подготовка: Сите состојки ставете ги во сад и измежајте убаво. Потоа смесата истурете ја во модла за коцки мраз и замрзнете ја.

Лимон и малини

Состојки:

  • 2 лажици шеќер
  • 230ml вода
  • 80ml сок од лимон
  • 170gr свежи малини
  • Ливчиња од нане

Подготовка: Стоплете ја водата и во неа сипете го шеќерот. Сипете го сокот од лимун. Во модла за коцки мраз во секоја коцка ставете по една малина и по едно до две ливчиња од нането. Додадете ја лимонадата и ставете да се замрзне.

Kраставица и босилeк

Состојки:

  • 230ml вода
  • 1 краставица, излупена со отстранети семки
  • 50gr ливчиња од босилек
  • Малку крупна сол

Подготовка: Водата, краставицата, босилекот и солта ставете ги во блендер. Измешајте убаво и потоа смесата ставете ја во модла за коцки мраз и замрзнете.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*