Која храна одговара со коктели

file0001082955047 (1)

Колку пати ви се случило додека уживате во некој коктел да посакате да имате некое мезе? Да бидеме искрени, не секогаш и кога има мезе, тоа е погодено и одговара во потполност со пијалокот.
Вообичаено храна која има позасилен вкус, подобро оди со коктели. Најчесто тоа е храна која се служи во многу мали порции, тукуречи залчиња и чиј вкус е прилично јак. Но, кога се различни вкусови во прашање, правилата за комбинирање знаат да се прекршат.

За да ја понудите најдобрата гозба на вашите пријатели, во продолжение погледнете неколку корисни совети за комбинирањето на коктелите со храна:

  • Оброкот започнувајте го со лесен освежителен коктел. Пробајте со овошни коктели или коктели на база на пенливо вино.
  • Салатите и коктелите не се најсоодветен пар – салатите се прилично лесна храна која нема да ви помогне да го издржите алкохолот во коктелите.
  • Летните скари одлично се вклопуваат со маргарити на база на замрзнато овошје, како и со дакири.
  • Доколку сте во можност, подгответе храна која е во мали порции со силен вкус.
  • Благодарение на можноста алкохолот да апсорбира маснотии, коктелите може одлично да се вклопат со храна која е помрсна и потешка.
  • Оброкот завршете го со десертен коктел, кој најчесто е на база ликери

Уживајте! 🙂

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*