Освежување со џин коктели

file000218599370
Знаете дека секогаш се трудиме да ви ги понудиме најубавите освежителни коктели за тропските горештини, така?

Денес се одлучивме да ви понудиме неверојатно вкусни коктели на база на џин, кои верувајте нема да сакате да ги тргнете од својата листа на омилени пијалоци.

Без одолговлекување, повелете рецепти за неповторливо уживање!

Chamomile Gin Cocktail

Состојки: (8 послужувања)
• 30gr сушена камилица
• 6 супени лажици мед
• 500ml Sax Gin
• 200ml свежо цеден сок од лимон

Подготовка: Камилицата заедно со 6 супени лажици врела вода се става во сад со средна големина. Се остава 1 минута. Потоа се додава медот и со дрвен толчник ја гмечиме камилицата. Оставаме да се олади.
Ја процедуваме смесата во питчер. Потоа го додаваме џинот, сокот од лимон и мраз по жеба. Мешаме се дури не се стопи мразот. Потоа сипуваме во чаши и декорираме со кора од лимон.

The Leland Palmer

Состојки: (6 послужувања)
• 120gr мед
• 120ml топла вода
• 700ml чај од јасмин
• 200ml Sax Gin
• 200ml свежо цеден сок од лимон
• 120ml сок од грејпфрут
• 250ml минерална вода

Подготовка: Медот и топлата вода ги ставаме во помал сад и мешаме дури не се изедначи смесата. Оставаме да се олади потполно.

Потоа смесата од мед и вода заедно со чајот од јасмин, џинот, сокот од лимон и грејпфрут ги ставаме во поголем питчер. Ја додаваме и минералната вода и мешаме.

Во помали теглички или 6 високи чаши ставаме коцки мраз. Коктелот го сипуваме во сите чаши и на крај декорираме со парче лимон.

Algonquin Bar Punch

Состојки: (12-16 послужувања)
• 50gr шеќер
• 250gr свежи малини
• 800ml Sax Gin
• 450ml свежо цеден сок од лимон
• 350ml Бадел Домашен Рум
• 450ml Römer Krönung пенливо вино
• кора од 4 лимони

Подготовка: Кората од лимонот ја ставаме во поголем сад. Го додаваме шеќерот и со дрвен толчник ги гмечиме корите за да се изедначат со шеќерот. Додаваме повеќе од пола од малините и продолжуваме да гмечиме. Потоа го додаваме џинот, сокот од лимон и румот, па коцките мраз, мешаме и оставаме во фрижидер 20тина минути да се олади.

Потоа оладениот пунч го ставаме во сад за пунч. Го сипуваме преку блок коцки мраз. Го додаваме пенливото вино и мешаме. Го декорираме со парчиња лимун и останатите малини.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*