Со задоволство ве информираме дека управата на ЖКК Бадел 1862 потпиша уште еден договор со кој се надеваме дека ќе ги оствариме нашите амбиции. По Шанис Браун, раководството на „баделки“ ја потпиша и Кејтлин Матеу на еднагодишна соработка, сè со цел успешно да се одбрани титулата во домашното првенство, како и што подобар пласман во регионалното женско кошаркарско првенство (МЖРКЛ).
Кејтлин од 2010-2014 настапувала за колеџот William & Mary, една година подоцна нејзината кариера ја продолжува во Hannover (Germany) 2014-2015, додека минатата сезона беше дел од екипата на Lemvig (Denmark) 2015-2016. Позната е по нејзината одлична игра на крилната позиција, но исто така добро ја познава и центарската позиција.