Американско засилување за KK Бадел 1862

95457-shanis-braun-go-zasili-badel-1862

Женскиот кошаркарски клуб Бадел 1862 повторно пишува историја.

Денес официјално го претставуваме новото засилување кое ни доаѓа од САД – Шанис Браун, која ќе биде првата Американка која заиграла во македонски кошаркарски клуб.

Шанис е плејмејкер, и е висока 163 цм. Доаѓа од Универзитетот Клафлин каде минатата сезона остварила ефект од 12,2 поени, 2,9 скокови и исто толку асистенции по натпревар, а претходно настапувала на колеџот Мохав Валеи.

Со Браун екипата на Бадел добива и тоа како на квалитет во претстојната сезона во која нашите шампионки ги очекува покрај домашните обврски, предизвик и во регионалната МЖРЛК лига.

Добредојде, Шанис!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*