До сега сме споделиле со вас многу факти околу тоа како се подготвуваат алкохолните пијалоци, нивниот состав, начинот на чување, историја на пијалокот, традициите врзани со одредени пијалоци… Денес се одлучивме за факти кои се помалку познати и се прилично интересни, па и необични. Почнуваме:
- Жителите на американската сојузна држава Мисури треба да бидат внимателни кога го фрлаат ѓубрето. Доколу ѓубрето го фрла личност помала од 21 година, а во ѓубрето има и празни шишиња од алкохол, личноста може да биде обвинета за нелегално конзумирање на алкохол.
- Повеќето од нас веруваат дека алкохолот ја зголемува телесната температура. Алкохолот всушност, ја намалува.
- Најголемиот дел од овошјата и зеленчукот содржат алкохол во нив.
- Во САД, Денот на Благодарноста во почетоците на неговото славење не бил славен со мисирка, туку со пиво, бренди џин и вино.
- Притисокот во едно шише пенливо вино е три пати поголем од притисокот во една надувана автомобилска гума.
- Винстон Черчил е познат како еден од најголемите уживатели во алкохолот.
- САД ја има поставено највисоката возрасна граница за легално конзумирање алкохол – 21.
- Брендитп, румот и вискито се пијалоци кои или се премногу долго оставени да созреат или пак се недозреани – средина нема.
- Во едно шише пенливо вино има отприлика 49 милиони меурчиња.
- Сѐ до 1600 термометрите биле полнети со бренди, наместо со жива.
- Во поголемиот дел од кафетериите во средните училишта низ Европа учениците може да бидат послужени со алкохол.
- Сите дестилирани алкохолни пијалоци како што се џинот, румот, текилата и брендито, не содржат јагленохидрати, масти и холестерол.
- Абрахам Линколн поседувал лиценца за подкотовка на ликер кој бил послужуван во неколку таверни.
- Никола Тесла пиел виски секој ден бидејќи верувал дека тоа ќе му помогне да живее 150 години.
- До 2011 во Русија секој пијалок кој содржел под 10% алкохол се сметал за безалкохолен.
- Во 1969 во Атланта конзумирањето алкохол во барови било дозволиво само доколку мажите носеле костуми и вратоврски.
- Луѓето со повисок коефициент на интелигенција имаат поголеми предизпозиции да пијат во поголеми количини и да се опијат.
- Европска земја со најголемо конзумирање на алкохол по жител е Молдавија.
- Луѓето што пишуваат со лева рака пијат повеќе алкохол од луѓето што пишуваат со десна рака.
Имате вие некој факт со кој би ја дополниле листава? 🙂