Пржен ананас со сладолед од ванила и сос од рум

CC_Grilled-Pineapple-with-Vanilla-Ice-Cream-and-Rum-Sauce_s4x3 (1)

Румот од секогаш се поврзувал со егзотични места: мориња, острови, плажи, коктели… Ние денес ви предлагаме една кујнска егзотика, која на сите гурмани и љубители на новитети во кујната сигурно ќе им се допадне. Ананас, рум, сладолед од ванила. Ви треба само малку време за да го подготвите овој десерт. А верувајте дека нема да ви биде доволна само една порција.

Состојки

  • 1 ананас (отприлика до 2 килограми тежок)
  • 60ml Бадел Домашен
  • 2 лажички путер
  • 55gr кафеав шеќер
  • масло за готвење
  • сладолед од ванила

Подготовка
Го пресекуваме врвот и дното на ананасот и го лупиме. Потоа ананасот го сечеме на кружни парчиња, отприлика околу 15mm дебели. Потоа внимателно го отстрануваме централниот дел од секое парче. Во тава за пржење ставаме малку масло за готвење и на среден оган го загреваме. Потоа секое парче поединечно го пржиме во тавата, по 2-3 минути од секоја страна, дур не добие кафеава боја. Кога ќе бидеме при крај со пржење на парчињата анасас, во друга тава, помала, на тивок оган ги загреваме румот, путерот и шеќерот. Мешаме на оган сѐ дури не се стопи шеќерот и не се згусне смесата. Потоа тргаме од оган. Во чинија ставаме парче пржен ананас. На средина на парчето ставаме топка сладолед од ванила. Потоа одозгора полеваме со сосот со рум, количината е по желба. Со овој десерт предлагаме да се напиете и еден Cuba Libre коктел, за кој е потребно 60 ml Бадел Домашен, кола пијалок и лимон.

Пријатно уживање!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*