Водка – повеќе од пијалок за уживање

12

Знаеме дека водката е одлична за опуштање и уживање. Но, конзумирана во умерени количини, 35-40ml на ден, водката може да биде прилично корисна конзумирање. Доколку се сомневате во здравствените ефекти врз вашиот организам, препорачуваме да се консултирате со вашиот доктор. Сепак, не заборавајте дека клучот е во умереноста.

  1. Слабеење
    Доколку имате за цел да постигнете помала телесна тежина, најдобро е да избегнувате алкохол. Но, доколку од време – на време сакате малку да уживате тогаш водката е најразумниот избор за алкохолен пијалок. Според податоците на USDA Data Nutrient Laboratory водката не содржи јаглехидрати, а има само 64 калории во 1 унца. Овој ефект е посилен доколку водката се пие чиста.
  1. Го намалува стресот
    Алкохолот генерално има смирувачки ефекти. Според истражување од 1997 објавено во Journal of Psychopharmacology водката го намалува стресот многу поефективно од сите останати алкохолни пијалоци.
  1. Медицински ефекти
    Водката се користи во растителната медицина за да се добие тинктура – алкохолен екстракт од растенијата. Бидејќи водката нема мирис и вкус, тоа ѝ дозволува на тинктурата да се соедини со вкусот на растението. Овие тинктури се користат во медицински цели и најчесто се земаат орално.
  1. Останати предности
    Зајакнување на кардиоваскуларниот систем, намалување на ризикот од срцев удар и Алцхајмер се само дел од предностите на водката. Секако, сите овие предности се во игра само доколку водката се конзумира во умерени количини.

Нормално, сѐ што е умерено е добро и здраво. Затоа и ние препорачуваме: Пиј малку, пиј добро.

Со што ќе наздравите денес во име на тоа: Vigor Vodka или Svarog?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*