Алкохолни Да и Не од Доктор Оз

file0001414781860

За Доктор Оз не треба некое посебно најавување. Светот едноставно е приврзан за неговите совети и неговото шоу. Не постои домаќинка која барем еднаш не применила негова препорака и најинтересно од сè, не постои домаќинка која не била задоволна од советот на Др. Оз. Денес, пред официјално да почне викендот, споделуваме со вас неколку од неговите Да и Не во врска со конзумирањето на алкохол од страна на дамите.

Да за сипување со ум
Првото правило кое најголем број доктори ќе го споделат со вас за алкохолот е да се конзумира умерено. Истражувањата покажале дека дамите не треба да конзимираат повеќе од една чаша пијалок во текот на денот. Во спротивно ризикот од заболување на црниот дроб, па и за некои поризични заболувања, е прилично поголем. Сепак, една чаша пијалок зависи и од типот на пијалок во кој сакате да уживате. Внимавајте да не пиете од ниски и широки чаши. Според истражувањата луѓето кои уживаат во пијалок послужен во ниски и широки чаши имаат тенденција да пијат брзо и во поголеми количини. Оние пак кои пијат од тенки и високи чаши внесуваат 20-30 проценти помалку алкохол.

Не за чување на пиењето само за викендите
Избегнувањето на часовите за релаксирање со пијачка по работното време не ви дава зелено светло да ја надоместите истата количина за време на саботната ноќна треска. Уживањето во пообемна пијанка може да има сериозни последици. Едно истражување дошло до сознание дека жените кои пијат брзо и количински повеќе во период од околу 2 часа при викенд дружба, имаат 85% поголеми шанси да доживеат срцев удар цо текот на животот, бидејќи прекумерното викенд пиење го покачува крвниот притисок брзо и многу.

Да за апстинирање од алкохол за време на бременост
И покрај тоа што последните истражувања од британските доктори велат дека малата количина алкохол за време на бременост нема влијание врз развојот на плодот, избегнувањето на алкохол е најсигурниот избор. Како податок кој оди во прилог на избегнувањето алкохол е истражувањето од 2012 според кое дури и умерените количини на алкохол влијаеле врз интелигенцијата на детето: осумгодишни деца чии мајки конзумирале еден до шест пијалока во текот на неделата дури биле бремени, имале понизок коефициент на интелигенција од децата чии мајки не пиеле воопшто алкохол за време на бременоста.

Не за алкохол за заспивање
Доколку ви е потребна чаша алкохол за да ја победите несоницата, време е да размислите. Иако омилениот пијалок може да ви помогне да заспиете побрзо бидејќи неговите седативни дејства до смируваат вашиот нервен систем, предизвикувајќи поспаност, сепак тоа нема да ви помогне да спиете подобро. Впрочем, анализата на повеќе од 30 истражувања во 2013 потврдува дека конзумирањето на две или повеќе пијачки помалку од два часа пред легнување ја намалува количината на квалитетно спиење, односно фазата кога сме во длабок сон, ни мрдаат очите, олабавена мускулатура на лицето. Од друга страна, пиењето пред легнување може да ве натера да станувате во текот на ноќта за да одите до тоалет или да пиете вода, што ви го прекинува сонот и прави да се чувствувате уморни утрото.

Дефинитивно Бадел 1862 на вистинскиот начин го поттикнува уживањето во добар пијалок со својот слоган Пиј малку, пиј добро! 🙂

Кој совет од Др. Оз го знаете вие во врска алкохолот и би го споделиле со сите љубители на Баделовите пијалоци?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*