(текст објавен во априлското издание на IN Store магазин)
Бадел Пелинковац Горки, (1л, 0,7л, 0,1л, 31% вол. алк.) најпознатиот хрватски билен ликер сега и со нова посмела и поатрактивна амбалажа. Освојува на прв поглед, а неговиот богат природен вкус ги руши границите веќе век и половина и никого не остава рамнодушен. Тајната на препознатливиот вкус лежи во автентичноста на производството. Сосема природен, без додатоци и вештачки ароми, останува доследен на себеси, традиционално со тајна рецептура и внимателно одбрани билки крунисани со пелинот, магичната тревка. Автентичен и доследен, Бадел Пелинковац е природен избор за сите оние кои го сакаат чувството на исконска, двигателна сила на природата.
Низ годините стекна култен статус меѓу потрошувачите, а денес е еден од најпродаваните и во Македонија, со тренд на постојан раст.
Во Европската унија е препознат како традиционален и уникатен пијалак, па и поради тоа е на листата на заштитени национални пијалаци во рамките на јаките алкохолни пијалоци и таму има место во посебна категорија.
„Бадел 1862“ е горд сопственик на најпознатиот бренд на Пелинковац, што сега има и освежено ново издание. Задржани се основните елементи на препознатливост на брендот (форма на етикетата, шише и логотип), а дополнително се истакнува и самиот бренд Пелинковац. Пијалокот доби и нов заштитен знак, еднинствена комбинација на традиционалната хрватска плетка и лековитиот пелин.
Во брендот на Бадел Пелинковац постојат уште два незнаменливи и автентични вкуса, приспособени за различен тип на потрошувачи.
Бадел Пелинковац Антик (0,7 л, 35% вол.) е премиум издание на Пелинковац, направено од најстарата рецептура пронајдена во сефот на Фрањо Покорни, кој го произведувал уште во далечната 1862 година. Се полни во реплика на оригиналното шише, што се чува во градскиот музеј на Загреб. Секое шише е рачно полнето и означено со единствен сериски број.
Со својата единствена рецептура на база на лековити билки познати уште од аниката во комбинација со пелинот (Artemisia Absinthium), типична медитеранска билка со свои препознатливи карактеристики (карактеристичен мирис и благо горчлив вкус ), Фрањо Покорни стекнал светска слава. Неговата фабрика на прагот на 20-от век гордо ја нарекувале „Кралски дворски снабдувач“, епитет добиен од австор-унгарската монархија, а Пелинковац Горки се пиел во дворот на Наполеон III.
Новиот Бадел Пелинковац Оранж (1 л, 25% вол. алк.) е женствената страна на Бадел Пелинковац, совршена огнена комбинација на веќе познатите мирисни мешавини на медитеранските билки и свежиот вкус на заводливиот портокал. Бадел Пелинковац Оранж е за оние љубопитните, секогаш спремни за нешто ново. На пазарот е само неколку месеци, а веќе е препознатлив за потрошувачите и угостителски објекти.
Сите ликери од палетата на Бадел се потполно природни без додадени бои и ароми, без конзерванси и засилувачи на вкус.
Бадел Пелинковац можете да го најдете во малопродажните објекти, како и во македонските кафулиња и ноќни клубови. Исто така, присутен е и на страниците на „Фејсбук“ и „Твитер“: www.facebook.com/PelinkovacMK; www.twitter.com/PelinkovacMK, како и на официјалната вебстраница: www.badel1862.com.mk.
Vredi da se proba, a posebno koj ima stomacni problemi.