Иако сладоледот најмногу се поврзува со лето и топлото време, за сладоледот подготвен со водка секое годишно време е идеално за да се ужива во него.
Се подготвува многу брзо и лесно.
Додавањето водка во сладоледот го прави вкусот на сладоледоледот неверојатен. Вкус кој не може да се опише со зборови. Затоа, треба да го пробате и верувајте – уште при првото залче целосно ќе се препуштите на задоволството 🙂
Состојки:
- 1 кутија сладолед од ванила
- 75ml Vigor Vodka Classic
- Кокос, чоколадо или кора од цитрон или лимун
Подготовка:
Сладоледот и водката ставете ги во блендер и измешајте ги за да се соединат убаво. Потоа смесата ставете ја во кутија за складирање. Затворете ја кутијата и ставете ја во замрзнувачот за да се замрзне. Најдобро е да стои 6-8 часа пред конзумирање. Внимавајте само времето да не е помало од 6 часа.
Во сад за послужување сладолед ставаме 2-3 топки од сладоледот. Одозгора поросуваме со кокос или со рендано чоколадо. По желба декорираме со кора во форма на спирала од цитрон или лимун.
На крај, уживаме! 🙂