Како е организирано производството на Badel 1862?

b7df1af14c4b367b2853d53ba81ba55c

Сигурно понекогаш пиејќи ги нашите пијалоци, сте се прашале, каде и како се произведуваат овие пијалоци?

Централното производство на Badel 1862 се наоѓа во загрепската населба Житњак, каде што е сместено производството на жестоките алкохолни пијалоци, додека производството на вина е децентрализирано по повеќето винарии кои Badel 1862  ги поседува низ Хрватска.

Можеби најзаслужен за специфичниот вкус на баделовите пијалоци е Одделот за истражување и развој кој организациски се наоѓа во рамките на одделот за Маркетинг и иновации, но логистички е ситуиран во производството. Маркетингот дава одредени инпути, информации и насоки, но сѐ останато се одвива во склопот на производството во кое работат пет прехрамбрени технолози.

Нивната основна задача е подготовка на производството, од изборот на суровини па сѐ до целосното производство и полнење.

Директор на производство на жестоки алкохолни пијалоци е Весна Јурак, која има дведецениско искуство во Badel 1862 и единствена што ја знае тајната рецепта на Pelinkovac. Поради ова нејзиното нагалено име е ‘Мама Пелин.’ 🙂

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*