Уживајте во магијата на Куба преку вкусот на коктелите

Денес патуваме во родната земја на салсата, румот и пурите. Магијата на веселата и љубовна Куба можете ја вкусите преку коктелите кои потекнуваат Карипскиот остров.

Доколку билетот за Хавана е сѐ уште само дел од вашите желби, ние ќе ја донесеме Куба во вашиот дом. Со цел да ве расположиме и за момент да ви помогнеме да се опуштите, споделуваме со кубански коктели за уживање.

Daiquiri

daquiri

Коктелот го добил своето име според плажа близу Santiago de Cuba, а неговиот креатор е Jennings Cox, американски рудар. Првичниот рецепт содржел рум, шеќер, лимон, минерална вода и кршен мраз. Денес основните состојки се бел рум, сируп од шеќер и вода, и сок од лимон.

Mojito

mojito

Еден од најпопуларните коктели денес и основен пијалак за освежување во Куба. Првичните состојки на овој коктел се белиот рум, нане, шеќер, сок од лимон, и сода. Многу години подоцна од неговата појава во Куба Angel Martinez во неговиот ресторан La Bodeguita del Medio воведува новина во коктелот со која нането се гмечи заедно со шеќерот, а потоа се додаваат останатите состојки. Овој начин на подготовка е прифатен низ целиот свет и ден денес се применува.

El Floridita

el floridita

Во текот на 1930тите Хемингвеј често престојувал во Хавана, каде во барот La Florida уживал во својот омилен Daiquiri. Подоцна, коктел-мајсторите направиле мала измена на основните состојки – го тргнале сирупот од шеќер и вода, а додале ликер од марашино цреша. Во баровите низ Куба може да се сретне и сок од грејпфрут како состојка.

Hotel Nacional

hotel nacional

Овој коктел е именуван по познатиот хотел кој бил отворен во доцните 1930ти. Денес е еден од најчесто бараните коктели од туристи во Куба. Неговиот уникатен тропски вкус го создаваат румот, брендито од круша, сирупот од шеќер и вода, сокот од ананас и лимон.

Cuba Libre

cuba libre

Уште еден светски познат коктел. Историјата вели дека за прв пат бил направен за време на војната на Шпанија и Америка, кога војниците на Америка влегле во бар, нарачале рум и Кока-Кола и наздравиле со нивните пријатели од Куба со здравицата “За слободна Куба”. Името останало, а денес коктелот се прави со бел рум, Кока-Кола и сок од лимон.

El Presidente

el-presidenteНе е точно познато за кој претседател е всушност наменет овој коктел и кој е авторот на неговиот рецепт. Сепак американскиот бармен со потекло од Германија Eddie Woelke кој избегал од Њујорк во КУба за време на прохибицијата, се смета за автор на овој коктел. Основниот рецепт низ годините се нема сменето многу и сѐ уште за состојки ги има белиот рум, куракао, гренадин и бел вермут.

За поголемо уживање во продолжение ви нудиме и совршена кубанска музика која ќе го надополни уживањето со коктелите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*