(Македонски) Мама Пелин: Само Весна од Бадел 1862 ја знае тајната на Badel Pelinkovac

текстот е преземен со дозвола на хрватскиот портал 24 Sata.

Во Бадел 1862 веруваат дека вкусот е мошне специфичен токму поради стариот бакарен котел во кој се подготвува. На неговите ѕидови има кристализирани талози од билките кои се користеле. Ликерот се чува и на францускиот царски двор во трезорот со пијалоци.

Во средината на 19 век францускиот цар Наполеон III го пиел редовно. Се сметал за пијалок на господата и оние кои знаат да уживаат во добар пијалок. Денес, 152 години подоцна, неговиот таен рецепт се чува строго во Бадел 1862.

За нашата 140та годишнина сакавме да го земеме шишето Pelinkovac од трезорот за пијалоци на францускиот царски двор, во кој се чуваат сите пијалоци со кои се гостеле владетелите. Сакавме шишето да го изложиме, меѓутоа парите кои Французите ги побараа за осигурување на шишето беа толку многу, што и самиот Badel да го продадевме, пак ќе ни недостасуваа. – гордо изјавуваат од Badel 1862. 

Рецептот го знае само Мама Pelinkovac

И ден денес се произведува според оригиналниот рецепт кој не е сменет уште од 1945. Рецептот за прочуениот Баделов ликер го знае само една жена. Весна Јурак, Директор за развој на технологии за јаки алкохолни пијалоци во Бадел 1862, позната како “Мама Pelinkovac” и е единствена која ги знае сите состојки и начинот на кој се добива ароматичниот вкус на познатиот пијалок.

Во него не ставаме ниту една вештачка арома. Нема ниту конзерванси, ниту боја, ниту пак засилувачи на вкусот. Вкусот му го даваат ароматични диви билки и тоа најмалку 23 вида билки. Некои години пак ставаме и по 30 видови билки – вели Весна.
 

„Pelinkovac подготвен во котел од инокс нема душа“

Токму затоа мора да се чува подалеку од сите јаки вкусови и мириси: дим од цигари, јадења подготвени со бибер, лук и кромид. Постои и уште една тајна за вкусот. Тоа е бакарниот котел кој не е променет од 1921 и во кој се готви Pelinkovac.

Се обидовме да направиме реплика на тој котел од инокс, но не успеавме. Pelinkovac од таков котел беше празен и без душа. Не беше тоа вистинскиот Pelinkovac – кажува “мама Pelin”. 

Поради тоа се вратиле назад на подготовка во стариот бакарен котел, веројатно еден и единствен од таков тип во Европа, на чиј што ѕидови од внатрешната страна се има направено патина. Тоа се кристализирани талози од билките кои се наталожиле во текот на стогодишното производство на Pelinkovac. А од тој котел годишно излегува околу 1,5 милиони литри ликер и производството постојано расте. Во моментов се обидуваат да направат уште една реплика на котелот, но од бакар.

Пелинот ги освои Кинезите

Во последно време Pelinkovac ги освојува и Кинезите. Се пие само во елитни клубови.

Кинезите дошле до заклучок дека нашите жени се толку бујни, а мажите развиени токму од Pelinkovac, па го сметаат за афродизијак = низ смеа кажува “Мама Pelinkovac”. 

Иако е најмногу познат како лек за желудникот, развиени се вкусови и за уживање

И ден денес е познат како прва помош за желудникот или при проблем со жолчката. Покрај традиционалниот Pelinkovac Gorki, се произведува и Pelinkovac Antique. Направен е по рецепт кој е пронајден во сефот на Фрањо Покорни, таткото на Pelinkovac и ко-основачот на Бадел 1862. Во него има повеќе шеќер и повеќе алкохол. Македонците пак Pelinkovac го пијат со портокал, па во Бадел го произведоа и Pelinkovac Orange.

(линк до оригиналниот текст, aвтор: Катарина Хрњкаш Димитријевиќ)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*