(Македонски) Коктел мајстор за готвење (втор дел)

Минатата недела објавивме неверојатни коктели подготвени според рецептот на Џејми Оливер. Кој ги направи и проба, сигурно остана без зборови од фантастичниот спој на кулинарството и коктелите, како за начинот на подготовка, така и за вкусот 🙂

Денес продолжуваме со вториот дел од коктелите на Џејми Оливер.

Wicked Champagne Cocktail

Состојки

  • 1 шише Römer Krönung semi-dry пенливо вино
  • 3-4 калинки
  • Шеќер, по желба

Подготовка

Најпрво ги сечеме калинките на половина и ги отсрануваме зрната. Потоа зрната ги ставаме миксер за храна и се добива свеж сок од калинки. По потреба се додава шеќер за да се заблажи сокот.

Потоа чашата за пенливо вино ја полниме околку 5цм со сок од калинки. Потоа одозгора го додаваме пенливото вино.

Pink grapefruit & vodka cooler

Состојки

  • 250ml Vigor Vodka Classic
  • 300ml минерална вода
  • Цеден сок од 5 црвени грејпфрут овошки
  • Сок од еден лимон

Подготовка

Сите состојки ги ставаме во голем стаклен сад. Додаваме и коцки мраз. Мешаме и сипуваме во чаши за црвено вино.

Аирлија подготвка, на здравје уживање 🙂

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*