(Македонски) Коктел мајстор за готвење (прв дел)

Кој љуби да експериментира во кујната, ќе засука ракави уште викендов. Инспирирани од неодамнешните рецепти за коктели на Марта Стујарт, овој пат решивме да ги пробаме рецептите на незаменливиот Џејми Оливер. Нема потреба од дополнителни објаснувања за неговите кулинарски способности и секогаш успешни експерименти со состојките, така? 🙂

Она што го најдовме беше фантастично. Џејми Оливер дефинитивно знае од подготовка на коктели да направи кулинарски спектакл.

Без одолговлекување, во продолжение следат уникатните рецепти за коктели на Џејми Оливер, подготвени со Баделовите вкусови.

Old Cuban cocktail

Состојки

  • 70ml Бадел Домашен
  • 40gr шеќер
  • Сок од ½ лимон
  • Ливчиња од 1 свежо гранче нане
  • 50ml Römer Krönung
  • Малку Badel Pelinkovac
  • Една рака коцки мраз

Подготовка

Пред подготовката, ги ставаме чашите за коктелот во фрижидер да се оладат. Во меѓувреме, шеќерот го ставаме во мала тава со 25ml вода се загрее и го чуваме на оган дури не се згусне како сируп.

Потоа сирупот од шеќер, сокот од лимун и румот ги ставаме во шејкер. Ливчињата од нане ги ставаме во сад и ги толчиме, па ги додаваме во шејкерот заедно со малку Badel Pelinkovac. Го затвараме шејкерот и убаво ги протресуваме состојките. На крај, сипуваме во оладените чаши и одозгора истураме малку од пенливото вино. Послужуваме и уживаме.

Barbecoa Bloody Mary

Состојки

  • 100ml Vigor Vodka Classic
  • 200ml сос од домати
  • 2 кафени лажички сос за скара
  • 2 кафени лажички Worcestershire сос
  • 2 парчиња пушена сланина
  • Сол
  • Тазе мелен црн бибер
  • ½ лимoн
  • 1 кисела краставичка

Подготовка

Испржете ги парчињата сланина на среден оган. Во сад ставете ги водката, доматниот сос, сосот за скара и Worcestershire сосот. Зачинуваме со сол и црн бибер. Мешаме убаво и по потреба додаваме сол и бибер. На крај го додаваме сокот од лимон.

Две чаши ги полниме со мраз и врз него го сипуваме коктелот. На секоја чаша одозгора додаваме по едно парче сланина и половина од киселата краставичка.

Совет за пикантен вкус: во шишето Vigor Vodka Classic 2-3 недели пред подготовка на коктелот ставете неколку халапењос пиперчиња, ситно сецкани. Пред употреба процедете ја водката. Со ова се додава сосема нова димензија на коктелот.

One thought on “(Македонски) Коктел мајстор за готвење (прв дел)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*