Кој ќе ви каже дека не сака чоколадна торта, бидете сиугрно дека мами. Вкусот на чоколадото за многумина е просто неодолив. Особено кога е искомбиниран со портокал. Според нас тоа е врот на чоколадното задоволство, бидејќи посебниот шмек на портокалот секогаш ги прави јадењата, а и пијалоците уникатни.
За овој викенд ви препорачуваме да се почестите со чоколадна торта со портокал, која одлично се надополнува и со чаша Badel Pelinkovac Orange.
Состојки
За тестото:
- 50gr темно чоколадо за готвење
- 200gr шеќер
- 200gr путер, несолен
- кора од 2 пороткала
- Цеден сок од еден портокал
- 5 јајца
- 200gr брашно
- 1 кафено лажиче пециво
- 150gr какао прав
За шеќерниот сируп:
- 150gr шеќер
- 150ml вода
- 20ml Badel Pelinkovac Orange
За чоколадниот прелив
- 200gr хопла
- 200gr темно чоколадо за готвење
- 20ml Badel Pelinkovac Orange
Подготовка
Две тави со големина од 20cm ги премачкуваме со масло и ја уклучуваме рерната на 180C да се загрее.
Потоа во сад го топиме чоколадото за готвење врз сад во кој зоврива вода.
Во друг поголем сад ги ставаме шеќерот и путерот и мешаме со миксер додека не добиеме лесна и мека смеса. Ги додадавме кората и сокот од портокал и стопеното чоколадо. Потоа едно по едно ги додаваме и јајцата и мешаме дури не добиеме хомогена маса.
Ги додаваме и брашното, пецивото и какаото и мешаме да се соединат сите состојки. Потоа смесата ја делиме на два дела и секој го ставаме во една тава да се пече.