(Македонски) Водка коктели на Марта Стјуарт

Веруваме дека повеќето од вас ја познавате Марта Стујарт. Светски реномирана телевизиска личност чија што храна брзо ги освојува сите. Таа своите рецепти и трикови за супер вкусна храна безрезервно ги споделува на нејзиниот веб-сајт.

Во потрагата за уникатно мезе кое би се вклопило во волшебниот вкус на алкохолните брендови на Badel 1862, налетавме и на рецепти за водка коктели, идеални за секоја пригода, сечиј вкус и за секоја сезона во годината. Сите се дело на врвни коктел мајстори со кои Марта Стујарт соработува.

Среќни и возбудени со вас споделуваме со вас два рецепти за коктели кои нам ни оставија најголем впечаток, а кои брзо и едноставно може да се подготват со брендовите на Badel 1862.

Raspberry Chocolate Kiss Cocktail

Состојки: 1 послужување

  • 60ml Vigor Vodka Classic
  • 60ml сируп од шеќер и вода
  • 2 супени лажици сок од брусница
  • 10 малини
  • 2 чоколадни крцкави колачиња, сронети
  • Коцки мраз

Подготовка:
Во плиток сад истурете од сирупот со шеќер и вода колку да се покрие дното на садот. Во друг плиток сад истурете ги сронетите колачиња. Отворот за чаша за мартини ставете го прво во сирупот, а потоа веднаш измачкајте го во сронетите колалчиња.
Во шејкер ставете ги малините и столчете ги. Додајте го остатокот од сирупот и повторно столчете. Потоа сипете ги водката и сокот од брусница. Дополнете го шејкерот со коцки мраз. Протресете убаво. Процедете го коктелот во претходно подготвената чаша за мартини и послужете.

Laughter in the Rain

Состојки: 1 послужување

  • 60ml Vigor Vodka Classic
  • 15ml ликер од праска
  • 15ml свежо цеден сок од лимон
  • 8ml сируп од шеќер и вода
  • Мало парче свежа краставица исецкана
  • 1 супена лажица изреднана кора од лимон
  • 1 супена лажица изрендана кора од краставица

Подготовка:
Сите состојки ги ставаме во шејкер кој е претходно наполнет со мраз. Протресуваме убаво и го процедуваме коктелот во чаша за коктел. Декорираме со парче лимон.

One thought on “(Македонски) Водка коктели на Марта Стјуарт

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*