(Македонски) Како да препознаете премиум водка?

Препознавањето на квалитет никогаш не е едноставна работа, особено ако се работи за водка, пијалок кој во принцип нема силен мирис и вкус. Ние ви подготвивме едноставен водич за распознавање на премиум водките:

  1. Утврдете го потеклото на водката. Иако водката се произведува речиси насекаде во светот, европските водки се најдобри.
  2. Дознајте ги состојките на водката. Водка може да се произведе од речиси секаква скробна храна: компири, жито, репка, меласа, пченка, сирак, грозје или ако навистина немате среќа, може да ви подметнат и водка направена од нус-производи на рафинирање на нафта. Најголемиот број на водки на пазарот се направени од компир, но квалитетните водки се прават од жито.
  3. Проверете колку пати е дестилирана водката. Дестилацијата е процес во кој водата се одвојува од алкохолот, па начелно, колку повеќе пати е дестилирана водката, толку е поквалитетна. Сепак, ова треба да се земе со резерва, бидејќи најбитна е оригиналната суровина.
  4. Освен дестилацијата, важна е филтрацијата. По процесот на дестилација, водката се филтрира со ќумур за да се отстранат нечистотиите. Чистината на водката се зголемува со бројот на филтрации.
  5. Вкусот на премиум  водката се разликува од обичните водки. Премиум водките се лесни за пиење и создаваат меко и пријатно чувство во устата. Тие немаат жесток алкохолен мирис, како што на пример, имаат ракиите.
  6. Премиум водките се консумираат правилно. Овие водки се направени да се пијат чисти или пак со многу мали додатоци. Освен во летниот период, премиум водките не се пијат ни премногу разладени.

За крај, ние ви ја препорачуваме нашата водка Svarog, лансирана по повод 150-годишнината на Бадел 1862. Именувана по словенскиот бог Сварог, оваа водка е резултат на внимателни и долготрајни процеси на трократна дестилација, филтрација и ладна стабилизација на житен алкохол. Неодамна, водката доби сребрен медал на престижното светско натпреварување International wine & spirit competition (IWSC 2012) во Лондон.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*