ЖКК Бадел 1862 со нови признанија

12369044_1193638987332083_7604625056918990443_n
Женскиот кошаркарски клуб Бадел 1862 се закити со две нови признанија од Македонската Кошаркарска Федерација (МКФ).

Нашиот колектив се закити со две престижни признанија односно:

– Најдобра женска екипа, сениорска категорија: Бадел 1862 Скопје и
– Најдобар тренер, женска конкуренција: Перо Стамески

Признанието кое го доби тренерот, го посвети на нашата бивша кошаркарка Анџелика Митрашиновиќ, која моментално настапува за босанскиот Челик од Зеница и се натпреварува во силната Меѓународната женска регионална кошаркарска лига. Анџелика лани во дресот на Бадел 1862 Скопје, заедно со cвоите соиграчи ја освои Куп титулата како и титулата за шампион на Р. Македонија, а на истите беше прогласена и за најкорисна кошаркарка (МВП).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*