Badel Pelinkovac по трет пат номиниран за најкомпанија на Твитер

Pelinkovac-naj-najНашата страница на твитер @PelinkovacMK по трет пат е номинирана за најкомпанија на Твитер!

Со твитерџиите се дружиме повеќе од три години на обострано задоволство и уште на самиот почеток најдовме заеднички јазик.

Уште се свежи спомените од минатите #твитернагради кога Pelinkovac само што не почна да тече од чешмите! 🙂

Блогерските и твитер награди се во организација на blogirame, македонски агрегатор на блогови и опфаќаат повеќе од 20 категории, меѓу кои највлијателен твитерџија/ка, најдобар блог, најсекси блогер/ка, најдобар твит во 2015 итн. Номинациите ги прават самите блогери и твитерџии, а PelinkovacMK е номиниран во категоријата Најкомпанија/организација на Твитер во конкуренција со повеќе компании, невладини организации и иницијативи. Победниците ќе се изберат по пат на гласање, а официјалното врачување на наградите ќе се случи на 18 декември 2015 во Кино Фросина/МКЦ.

Како и лани и преклани, ние ќе бидеме присутни на самиот настан и ќе го поддржиме. Деталите ќе ги објавиме наскоро! 😉

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*