Интервју со Методи Перунковски, победник на Vigor Barmen Cup 2015

IMG_9999 (156)

Овогодинешниот победник на Vigor Barmen Cup, Методи Перунковски ни одговори на неколку кратки прашања. Методи победи со коктелот The Selfie Stick.

Може ли да ни кажеш нешто околу тоа што те инспирираше за победничкиот коктел?
Кога правам коктели никогаш не се наслонувам на моето мислење туку на гостите кои го дегустираат и ми ги кажуваат нивните мислења. Секогаш кога правам авторски коктели се трудам а биде нешто поразлично од тоа што сум го работел претходниот пат.

Колку години се занимаваш со барменство?

Моите почетоци како бармен се пред доста години, но би рекол дека како професионален бармен се бавам 10 години.

Дали и колку време поминуваш во смислување на нови коктели?
Секогаш кога имам слободно време го поминувам во создавање на нови авторски коктели и се разбира едукација за миксологијата и трендовите во угостителството заради тоа што угостителството е како технологијата секој ден има новитети во него.

Освен титулата на Vigor Barmen Cup, кои се твоите други натпреварувачки успеси?
Титулата на Vigor Barmen Cup ми е особено драга заради тоа што во мојата досегашна кариера на македонското поднебје ги имам освоено сите признанија и ми недостигаше уште прво место на овој натпревар. Имам учествувано на сите домашни коктел натпревари, исто така и надвор од Македонија каде што во 2011 на светското првенство ја претставував Македонија и се закитив со бронза во After Dinner категоријата. И оваа година сум претставник на Македонија на светското првенство кое ќе се одржи од 10-15 октомври во Софија.

Што мислиш за коктел културата во Македонија?
Коктел културата се развива во една позитивна насока во Македонија каде што некогаш во некои локали гостите се повеќе упатени во коктелите отколку вработенитев.Сè уште е поле на кое треба да обрнат внимание и едукација, но мислам дека имаме добри локали и бармени каде што се нудат и конзумираат коктели.

Кој е твојот омилен коктел?
Во летниот период преферирам да конзумирам Cuba Libre, додека во зимските пијам Godmother.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*