ЖКК Бадел 1862 на силен меѓународен турнир во Либан

IMG_3453-Bejrut

Во подготовките пред настапот во овогодинешната Јадранска лига, од 20 до 24 овој месец, кошаркарките на македонскиот шампион Бадел 1862 ќе учествуваат на силен меѓународен турнир во Бејрут, Либан.

Таму, нашиот првак ќе се сретне со три исклучително силни противници, грчкиот гигант Панатинаикос, словенечкиот тим Атлете Целје и домаќинот на турнирот Ал Ријади и тоа треба да биде големо искуство за младите кошаркари.

Првиот натпревар Бадел 1862 го игра на 20 септември против Панатинаикос, следниот ден се среќаваат со Атлете Целје, а последен противник е домаќинот Ал Ријади на 22 септември. Да им посакаме среќа!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*