Vigor Barmen Cup 2015

VBC-'15

Особено сме среќни и задоволни што и официјално може да го најавиме и да вe поканиме на седмиот VIGOR BARMEN CUP ’15, најголемиот натпревар во подготвување коктели во Македонија! Оваа година, домаќин на купот ќе биде најјужниот македонски град – Гевгелија! Купот ќе се оддржи во легендарното гевгелиско казино – Casino Flamingo од 30 септември до 1 октомври 2015 (среда и четврток, детална програма на овој линк).

Како и вообичаено две натпреварувачки категории: long drink и flair за кои ќе се натпреваруваат најдобрите и најумешни бармени и коктел-мајстори во Македонија. Победниците на овие две категории ќе добијат вредни парични награди. Доколку сметате дека може да се качите на македонскиот коктел – трон, ве охрабруваме да се пријавите на ОВОЈ ЛИНК или на e-mail адресата badel@t-home.mk. (прочитајте ги правилата – 1 и 2, листа на пијалоци). Се гледаме во Фламинго!

2 thoughts on “Vigor Barmen Cup 2015

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*