Го знаете она чувство кога ви се јаде нешто благо, домашно подготвено, а немате многу време или пак енергија за да подготвите нешто?
Го знаеме и ние. Многу добро. Токму затоа се ставивме во потрага по слатко задоволство кое се подготвува ултра брзо, кое е вкусно и кое неверојатно добро се надополнува со еден од нашите пијалаци 🙂
Денес ви го претставуваме рецептот за вафли збогатен со софистицираниот вкус на Stock Crema 84.
Состојки:
- 500gr сенаменско брашно
- 2 кафени лажички пециво
- 1 кафена лажичка сол
- 100gr шеќер
- 3 јајца
- 450ml млеко
- 250ml Stock Crema 84
- 60gr несолен путер
Подготовка:
Во сад за матење го ставаме брашното, пецивото, солта и шеќерот. Во средината правиме дупка и ги додаваме јајцата. Почнуваме да матиме и постепено ги додаваме и млекото и путерот. На крајот откако ќе добиеме хомогена смеса, додаваме и Stock Crema 84. Мешаме убаво.
Во меѓувреме апаратот за вафли го загреваме и откако ќе се загрее убаво почнуваме да ставаме дел од смесата и да ги печеме вафлите.
На крај ги попрскуваме вафлите со шеќер во прав. За да се оладиме на летните температури вафлите може да ги послужиме со неколку топки сладолед со вкус по желба или пак со незаменливата Нутела 🙂
Нели е брзо и вкусно? На здравје!