Во саботата, во хотелот Александар Палас во Скопје, веднаш по завршувањето на Годишното Собрание на Македонската кошаркарска федерација, се одржа церемонија на која беа доделени наградите и признанијата за најдобрите во Македонската кошарка за изминатата година – 2014.
Според резултатите од гласањето на клубовите од првите домашни лиги во машка и женска конкуренција, како и од гласањето на македонските медиуми, одредени беа добитниците на награди во 10 различни категории, од кои нашиот клуб доби 3 од нив.
– Најдобра македонска кошаркарка за 2014 – Анџелика Митрашиновиќ
– Најдобар македонски тренер во женска конкуренција за 2014 – Перо Стамески
– Најдобар македонски тренер во младинска женска конкуренција за 2014 – Борче Домлевски
Покрај наградите за лауреатите, МКФ додели и благодарници и признанија за оние кои ја одбележаа минатата година:
– Признание за промоција и успешно претставување на меѓународни натпреварувања на македонската кошарка: БАДЕЛ 1862 – Женска Јадранска Лига
Овa признание и наградите за нашиот клуб се од голема важност и укажуваат на посветена и напорна работа од целиот наш колектив, во текот на целата година.
Целта е да се однесе нивото на Македонската женска кошарка на едно повисоко ниво и нашите играчи да напредуваат во своите кариери.
Исто така да се отворат вратите и на останатите Македонски женски клубови и играчи кон меѓународните натпреварувања, со што би го следеле нашиот клуб и работата во него.
ИМ ЧЕСТИТАМЕ НА СИТЕ НАШИ ЧЛЕНОВИ ЗА ОСВОЕНИТЕ НАГРАДИ И ИМ ПОСАКУВАМЕ ДА ПРОДОЛЖАТ СО НАПОРНА РАБОТА И ДА ПОСТИГНУВААТ УШТЕ ПОГОЛЕМИ УСПЕСИ!
Повеќе фотографии на нашата фејсбук страница!
One thought on “ЖКК Бадел 1862 се закити со признанија од MКФ”