Три дена подоцна и се уште средуваме импресии. Втора година по ред сме дел од Твитер и Блогерските награди и можеме само да кажеме дека сме пресреќни што сме дел од оваа револуционерна, духовита, секси и влијателна заедница.
Саботата беше прекрасна вечер. Иако температурите беа прилично ниски, бевме наоружани со позитивна енергија, супер расположение и ведрина, што не загреваа доволно да може да го победиме студот.
На едно место се собра блогерската и твитер заедница за да оддаде признание на најдобрите. Како горд поддржувач на дружбата, сите победници го наградивме со шише Pelinkovac Orange, плакета и лична посвета.
Да не должиме многу, еве ја листата на победници за оваа година:
Блогерски награди:
• Најсекси блогер (блогерка): @drizzymon
• Најреволуционерен блог: На Tочак
• Најблог за мода: Skopje Casual
• Најфото блог: Идеи за домот
• Најсмешен блог: И ја иам блог
• Најдобар блог за култура: Букбокс
• Блог пост на годината: Го сакаме Скопје на точак
• Најдобар спортски блог: NBA Macedonia
• Најдобар блог за 2014: И ја иам блог
• Најдобар ИТ блог: Zuberot
Тwitter награди
• Твитерџија кој почнал да твита во 2014: @AnsarovF
• Најдобар твит за 2014: @darjanr „Да го поздравиш и да ми го бациш“
• Твитерџија кој најмногу напреднал: @fstojanovski1
• Најкорисен твитерџија вистинска вредност: @banekoma
• Најкомпанија / организација на Twitter: @Zlaten_Dab
• Најтаг: #јер, стартуван од @gas_maska
• Најдобар аватар: @KokiCvetanoski
• Најдобар твитерџија во третасмена: @jovanowsky
• Твитерџија со најдобро селфи: @giotto_mkd
• Најдобра твитерџика: @mnogufina
• Најдуховит твитерџија: @Sulimanovic
• Најактивен од дијаспора: @justpurpling
• Највлијателен: @VlatkoVasilj
Бидејќи една фотографија вреди 1000 зборови, ве оставаме да уживате во нашиот фото албум на Facebook и да ја почувствувате атмосферата од саботата. Сите вие кои не дојдовте, испуштивте супер смеа и забава. Вие кои бевте, најдете се, тагнете се и потсетете се на најдобрите моменти од вечерта! 🙂