Во рамките на редовното коло на Јадранската лига каде играа со Трешњевка од Загреб, кошаркарките на Бадел 1862 беа во посета на Badel 1862 каде беа срдечно пречекани од генералниот директор Иво Маркотиќ.
На средбата се презентираше историјата на компанијата, просториите, работата на компанијата, производите итн. за кошаркарките подобро да го запознаат брендот кој го претставуваат. Им беа поделени новогодишни пакетчиња со пофалби за работата на тимот. Се истакна дека кошаркарките долго време успешно го промовираат и носат името на Badel 1862 во една благородна и општествено корисна област како што е спортот.
ЖКК Бадел 1862 и неговиот претходник ЖКК Вигор е најтрофејниот женски кошаркарски клуб во историјата на Република Македонија.
Повеќе фотографии овде.