Badel Pelinkovac по втор пат номиниран за најкомпанија на Твитер

IMG_9850

Нашата страница на твитер @PelinkovacMK по втор пат е номинирана за најкомпанија на Твитер! Со твитерџиите се дружиме повеќе од две години на обострано задоволство и уште на самиот почеток најдовме заеднички јазик.

Оваа година освен виртуелното дружење со заедницата се потрудивме и да бидеме достапни за неа и во реалниот свет. Примери има многу, ама ние ќе го одвоиме нашето спонзорство на Social Media Day 2014 каде ја забавувавме и наградувавме насобраната публика.

Блогерските и твитер награди се во организација на blogirame, македонски агрегатор на блогови и опфаќаат повеќе од 20 категории, меѓу кои највлијателен твитерџија/ка, најдобар блог, најсекси блогер/ка, најдобар твит во 2012 итн. Номинациите ги прават самите блогери и твитерџии, а PelinkovacMK е номиниран во категоријата Најкомпанија/организација на Твитер во конкуренција со повеќе компании, невладини организации и иницијативи. Победниците ќе се изберат по пат на гласање, а официјалното врачување на наградите ќе се случи на 13 декември 2014.

glasanjeКако и лани, ние ќе бидеме присутни на самиот настан и ќе го поддржиме. Деталите ќе ги објавиме наскоро! 🙂

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*