Идеален ордевер за коктел забава – дел 3

Временската прогноза за викендот кој следи вели дека времето ќе биде идеално да ги повикате пријателите на домашна коктел забава 🙂

После фантастичните рецепти за претходните два ордевери, денес ќе ви помогнеме да ги изненадите гостите со нов, необичен ордевер кој совршено ќе се вклопи со секој коктел кој ќе го подготвите.

Мини палачинки од компир со лосос и копар

Состојки:

  • 1 мал кромид, крупно изрендан
  • 3 поголеми компири, крупно изрендани
  • 1 супена лажица свеж копар, исецкан
  • ½ кафена лажичка сол
  • тазе мелен црн бибер
  • 1 белка од јајце
  • 120 грама лосос
  • 60 грама павлака со ниска масленост
  • маслинов спреј за готвење

Подготовка:

Ја загреваме релната на 200 степени. Кромидот го ставаме на поцврста цедалка и го стискаме силно за да излезе што повеќе течност од него. Потоа кромидот, компирите, копарот, солта, биберот и белката од јајце ги ставаме во сад и мешаме за да се соединат состојките.

Сечеме две ленти хартија за печење и ги прскаме со спрејот за готвење. Потоа на лентите ставаме по една супена лажица од смесата и ја подгмечуваме за да добиеме форма на плочка. Добиените плочки, односно палачинки, ги ставаме да се печат дури не добијат светло кафена боја. Потоа ги превртуваме на другата страна и повторно печеме дури палачинките добијат светло кафена боја.

Потоа ги вадиме, ги ставаме на чинија за послужување и ставаме одозгора парче лосос и малку павлака. Попрскуваме со сецкан копар и послужуваме.

Пријатно уживање и не заборавајте да ни испратите фотки од забавата и ордеверот 🙂

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*