Времето веќе не ни оди во прилог за дружби под отворено небо. Почнуваме полека да ја бараме забавата во топлината на домот – нашиот или на нашите најблиски.
А јасно е како ден дека ниту една забава не може да помине без коктели.
За да ви помогнеме следната коктел забава да биде комплетна, веќе пишавме за тоа која музика е идеална, а денес ќе ви го понудиме првиот рецепт од серијата рецепти на ордевери кои совршено одговараат со коктелите направени со Баделовите пијалоци 🙂
Шпанска шунка со маслинки и портокали
Состојки
- 2 портокали
- 45 грама зелени маслинки
- половина главичка кромид, помала
- 1 лажица маслиново масло
- 2 лажици цвежо цеден сок од портокал
- 1 кафена лажичка оцет од цреша (или вински)
- ¼ кафена лажичка сол
- мелен бибер
- 1 багета
- 8 тенки парчиња шунка
Подготовка
Сечеме четвртина портокал и ја вадиме кората, ја сецкаме на многу тенки линии и ја тргаме на страна. Ги лупиме и останатите портокали, при тоа вадејќи ги и белите мембрани. Ги сецкаме портокалите на ситни делови и ги ставаме во мал сад. Ги сецкаме и маслинките и си додаваме кај портокалите. Потоа додадаваме кромид, малсиново масло, оцет, сол и бибер. Ги промешуваме состојките убаво во садот за да се соединат.
Багетата ја сечеме на четвртини. Секоја четвртина ја сецкаме дијагонално на парченца, отстранувајќи ги крајчињата. Потоа парчињата ги редиме на чинија за сервирање. Врз нив ставаме парче шунка, доколку е поголемо можеме и да го свиткаме. Одозгора врз шунката ставаме една супена лажица од миксот. На крај, со ситно исецканата кора од портокал посипуваме и послужуваме.
Пријатно уживање и доколку подготвувате коктел забава со овој превкусен ордевер, не заборавајте да не поканите 😉
One thought on “Идеален ордевер за коктел забава – дел 1”