Кратко, ама слатко интервју со Марио и Ведран – членови на жирито на VBC 2014

На Vigor Barmen Cup сите уживавме во настапот на флеристите, подготовката на коктелите, па и во самите коктели.

Се чини дека најтешката задача ја има Марио Мајцен и Ведран Петровиќ, членови на стручното жири чија задача беше внимателно да ги оценат коктелите и да ги прогласат победниците.Нивната стручност и професионалност им овозможија да бидат строги во оценувањето и опуштено да се забавуваат истовремено.

Ја имавме честа да ги запознаеме Марио и Ведран малку повеќе преку краткото интервју што го направивме и со двајцата. Во продолжение погледнете ги советите кои споделуваат со македонските бармени и флеристи 🙂

Марио Мајцен

Mario Majcen

Колку години искуство е потребно за да се стане искусен професионален бармен?
Нема правило за тоа колку години се потребни, битно е барменот максимално да се посвети на својата работа и со самото тоа резултатите ќе си дојдат сами по себе.

Колку време во текот на денот поминуваш во вежбање?
Еден до два часа дневно тренирање е доволно за квалитетен флерист, но битно е тренингот да е константен.

Имаш ли омилен коктел?
О
милен коктел ми е Mojito.

Како се справуваш кога при флер ќе ти падне чаша/флаша?
Во секоја работа грешките се сосема нормални, во тој случај решението е едноставно: keep smiling 🙂

Кој совет најмногу ти помогнал во професијата и би го споделил со македонските бамрени и флеристи?
Единствен совет кој би можел да го дадам на млади бармени е дека никогаш не треба да се откажуваат од својата цел да станат успешни бармени… Секој труд со време се исплатува.

Ведран Петровиќ

Vedran Petrovic

Кој ти е омилен коктел?

Омилени коктели ми се Mojito и Fruit Margarita.

Кој ти е омилен алкохолен пијалок, а да не е тоа коктел?
Ракија и Бакарди 🙂

Како ти се допаднаа македонските коктели?
Македонските коктели се секоја година подобри и подобри. За жал, декорациите не се подобруваат.

Како би ја споредиле коктел културата во Македонија и Хрватска?
Во Хрватска коктел културата се негува многу подолго отколку во Македонија, па слободно може да се каже дека моменталната генерација на бармени во Македонија се пионири на коктел културата на вашата земја. Коктел културата има свои падови и успешни периоди, па така на секои 3-4 години ќе се случува по некој нов коктел “бум”.

Колку време посветуваш на учење на нови коктели, техники, состојки…?
Еднаш во месецот членовите на Хрватското здружение на бармени се состанува и диксутира за новитетите на пазарот и за новите состојки во коктелите и техничката работа.

Што е најбитно за еден коктел мајстор да биде успешен?
За барменот да биде успешен мора да ја сака својата работа, да биде упорен и да биде комуникативен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*