Долгоочекуваниот настан Vigor Barmen Cup 2014 се случи оваа сабота, 20.09.2014, во кафе бар “Кадмо” во Охрид. Поминавме возбудлив ден обоен со веселите бои на коктелите кои беа подготвени. Натпреварувачите не шармираа со комбинациите на вкусови, мириси, декорации, секој со свој стил. Едноставно кажано, се изнауживавме во секој момент 🙂
Атмосферата беше надополнета со хуморот на водителот Жарко Димитриоски, кој успеа ја задржи насмевката на лицата на публиката во текот на целиот ден.
Честа да ги проба и оцени коктелите ја имаше стручното жири, составено од Вета Решетар, менаџер за настани во Бадел 1862, Ведран Петровиќ, заменик претседател на Хрватското здружение на бармени и Марио Мајцен, светски вице-шампион во категорија „флер“.
Но, пред да продолжиме со споделувањето на впечатоците, да ви соопштиме кои беа најдобрите натпреварувачи. Во конкуренција на 13 бармени од цела Македонија, Љупчо Јаковлески од Охрид го освои првото место. Неговиот коктел „Sunset on the lake“ освои најмногу бодови од стручното жири. Барменското „сребро“ му припадна на Методи Перунковски со коктелот „Pinky”, додека пак Ванчо Стојанов со коктелот „Драгана” освои трето место.
Откако заедно со публиката ги дегустиравме коктелите на врните бармени, дојде моментот да уживаме во акробациите на флеристите. Предизвикот и тоа како беше голем: требаше да подготват коктел со помош на вртење на чаши и флаши во водух!
Публиката во еден здив го гледаше настапот на секој од натпреварувачите. Сепак, според стручното жири Дарко Лазовски имаше најдобар настап и го освои првото место, додека второ и трето место освоија Бобан Васиќ и Мартин Петрушевски.
Се доделија и награди за најатрактивен коктел (Драгослав Лихвинцев, „Sweet Paradise”) и најдобра стручна работа (Зоран Ристов, „Vigor Peach Relax”).
По завршувањето на натпреваорт во флер, следеше изненадување за сите присутни. Марио Мајцен ги воодушеви сите присутни со својот огнен настап. Вистински мајстор за подготвка на коктели со акробации кои вклучуваа флаши кои гореа.
Не можејќи да смириме импресии од настанот, постојано ги прегледуваме фотографиите од саботата. Ве оставаме да ја погледнете целата галерија од слики на нашата Facebook страна и да уживате барем половина од тоа што уживавме ние во Охрид. А до година, се гледаме сите заедно на седмиот Vigor Barmen Cup.
One thought on “Егзотични вкусови и акробатска подготовка го одбележаа Vigor Barmen Cup 2014”