Badel Pelinkovac на Social Media Day!

IMG_27062014_175321

Овој понеделник Badel Pelinkovac се приклучува на одбележувањето на Social Media Day – глобален настан инициран од светски најпознатиот блог за интернет култура Mashable. Social Media Day во светот оваа година ќе се одбележува по петти пат, а кај нас по трет пат. Секоја година на 30 јуни над 200 градови ширум светот организираат различни настани за да го одбележат овој ден.

На овој ден не чека многу знаење и дружба, а од наша страна секако ќе се погрижиме вечерта да заврши со одлична забава! Како и секогаш, ќе има многу изненадувања за присутните, кои ќе ги објавиме на самиот настан.

Со ова само ја продолжуваме поддршката на македонската дигитална заедница, во која се вклучивме пред неколку години, а минатата година бевме и горд спонзор на Блогерските и твитер награди. Се гледаме во понеделник! 🙂

One thought on “Badel Pelinkovac на Social Media Day!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*