Прекрасни вести за Бадел 1862 и за Стара Шљивовица!
Од 08.04 до 10.04 во Лас Вегас се одржа најголемиот и најзначајаниот саем за алкохолни пијалоци и вино во САД, Wine & Spirits Wholesalers of America (WSWA) на кој Стара Шљивовица донесе златна радост за сите.
Бадел 1862 заедно со дистрибутерот на Баделовите пијалоци во САД Stawski Distribution од Чикаго на овогодинешното натпреварување ја пријавија Бадел Стара Шљивовица, која успешно го помина сите ригорозни тестови, доби највисоки оценки од судиите и освои златен медал во категоријата Spirit Tasting. Признанието е со непроценливо значење за Бадел 1862, бидејќи во оценката освен вкусот на пијалокот, влегува и трговскиот потенцијал на пијалокот.
“Бадел Стара Шљивовица се извезува на многу светски пазари каде наидува на многу добар прием меѓу потрошувачите. На пазарот на Сад сме присутни веќе неколку години преку нашиот дистрибутер Stawski Distribution. Уште во текот на договарањето за настап на WSWA знаевме дека имаме супер квалитетен и интересен производ, кој како таков беше препознаен и награден со Златен медал. Значајноста на оваа награда лежи во тоа што е добиена на конвенција на која присуствуваат трговци и брокери за јаки алкохолни пијалоци, тукуречи сите кои го држат американскиот пазар, па поради тоа се надеваме и на поголем интерес за Баделовата Шљивовица во САД” вели Златко Шпољар, Директор на извоз на Бадел 1862.
Wine & Spirits Wholesalers of America е национално трговско здружение, посветено на заштитата на интересот и независноста на големопродажбата на дистрибутерите и брокерите на јаки алкохолни пијалоци и вино. Основано е во 1943 година и има преку 350 фирми во САД.
Секоја година во Лaс Вегас здружението одржува конвенција и изложба каде дистрибутерите доаѓаат во потрага по нови и возбудливи пијалоци за американските потрошувачи. Оваа година се одржа 71вата конвенција по ред.
Потрагата за возбудлив и интересен пијалок за американските потрошувачи заврши со Бадел Стара Шљивовица. На здравје! 🙂