Секоја боја има свое значење. Многу често според бојата можат да се одредат карактерните особини на луѓето, нивното моментално расположение, па дури и тоа какви заводници се и какви партнери се во љубовта. 🙂
Изминатиов период нас најмногу не привлекуваше портокаловата боја. Направивме мало истражување за нејзиното значење и денес со вас ги споделуваме. Се надеваме дека ќе ве израдуваат исто како и нас. 🙂
Портокаловата боја е комбинација на црвена и жолта боја, па оттука е и комбинација на енергија (црвената боја) и среќа (жолтата боја). Секогаш се поврзува со значењето на радост, топлина, сончева светлина, ентузијазам, уживање, баланс, сексуаност, слобода, изразување и фацинантност.
Многу често портокаловата боја се смета за претставник на креативност и радост. Промотор е на чувство на добро здравје и емоции кои се споделуваат меѓу луѓето, како што се сочувствителност, страст и топлина.
Истражувањата правени од тимови на психолози покажале дека портокаловата боја влијае на креирање на одредени физички состојби кај луѓето, како поттикнување на глад, зголемена физичка активност, поголемо социјализирање со други луѓе, стимулира умствена активност, го поттикнува протокот на кислород во мозокот, го зајакнува чувството на задоволство и сигурност. Помага во процесот на донесување одлуки, го поттикнува и зајакнува чувството на среќа, доверба и разбирање.
Со оглед на тоа што голем дел од цитрусните овошките имаат портокалова боја, оваа боја често се поврзува со Витаминот Ц и здрава исхрана. Затоа е често застапена боја во ентериерите на рестораните – да поттикне апетит и да создаде задоволство.
Различните нијанси на портокаловата боја имаат различни значења. На пример темна портокалова може да значи измама и недоверба, додека пак портокалова боја со поголема нијанса на црвено значи страст, задоволство, желба, агресивност, доминација и акција. Златната нијанса на портокаловата боја, пак, значи престиж, мудрост, илуминација, богатство и квалитет. Светла пороткалова боја е пријателска и смирувачка.
Ние во целост се согласуваме со изнесеното. Имаме и доказ со кој можеме да ги потврдиме сите карактеристики на портокаловата боја.
Споделете го вашетo мислење за портокаловата боја додека уживате во Badel Pelinkovac Orange.