И наградата оваа година ја доделуваме на….
… сите кои со своето присуство и позитивна енергија ја направија вчерашната забава посебна.
Вчера се одржаа вторите по ред Блогерски и Твитер награди во орфанизација на блог-агрегаторот Blogirame.mk. После еден месец номинирање и гласање, неизвесноста заврши со одлична дружба. Кој беше, си помина екстра. Кој не дојде, веќе му е криво!
Смеење, зезање, пеење, шизење, радување на награди, пеење – сѐ ова беше дел од атмосферата која вчера во клуб-ресторанот МКЦ преовладуваше повеќе од 3 часа.
Ние можеме само да кажеме дека сме пресреќни што бевме дел од настанот. Со задоволство и најискрени честитки ги доделивме Бадел 1862 наградите за сите победници од сите категории. Секој доби различна награда, која во форма на алкохол, која во форма на елегантен или откачен предмет. Она што сите ги врзува се магнетите со посвета за секој награден – спомен кој секогаш ќе живее на нивниот фрижидер и ќе ги потсетува на Блогерски и Твитер Награди 2013.
Награда си доби и @Simona_Simche која го имаше и најискрениот и најкреативниот твит во играта каде требаше да се дополни фразата “Пијам @PelinkovacMK кога _______” преку твит. После прегратката од Лешоски, дефинитивно Pelinkovac е потребен да се смират страсти и нерви!
Сите што беа ќе прераскажуваат за настанот цела година. А за тие што не дојдоа, може низ фотките на Facebook да видат каква забава испуштиле. Доколку имате и вие уште некоја откачена фотка или видео, слободно пратете нѝ да ги споделиме со сите.
Ве поздравуваме со желби за поактивно блогирање и твитање и и уште еднаш ви благодариме за прекрасната вечер.
На здравје,
Бадел 1862