(Македонски) Вечерва: Блогерски и Твитер награди!

Големиот ден е тука. Одбројуваме саати до почетокот на Блогерски и Твитер награди. Денес ќе дознаеме кој бил највлијателен, кој бил најдуховит, чиј блог пост оставил најголем впечаток, а чиј твит бил најпопуларен.

Како што веќе најавивме претходно, особена чест и задоволство нѝ претставува што сме дел од оваа манифестација. Се погриживме победниците во секоја категорија да добијат кул награди и подароци. Секому различни и изненадувачки.

А за публиката подготвивме фини изненадувања. Кој ќе дојде и ќе твита актвино, има шанса да си замине со нешто плус. Деталите ќе го оставиме за вечер. Не е интересно да ви кажеме сѐ, нели? 🙂

Ве чекаме во МКЦ од 20:00 часот. Дојдете со позитивна енергија, широки насмевки и полни батерии на телефон! 🙂

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*