Штом се спомене домат најчесто прво што ни доаѓа на ум е некоја салата или некој сос. Ретко кој доматот би го поврзал со некаков пијалок. Како и да се конзумира, доматот е едно од најздравите растенија.
Сите знаеме дека е богат со магнезиум и витамини и не содржи холестерол. Но дали сте знаеле дека:
- Доматот, во ботаничка смисла, е овошје. Да, овошје. Во 1883 година Врховниот Суд во САД со законски акт го класифицирал како зеленчук.
- Првите домати во Европа имале златна боја и биле нарекувани златни или љубовни јаболки.
- До 1820 година жителите на Америка верувале дека доматот е отровен.
- Најголемиот домат бил набран во Оклахома во 1986 година и тежел 3,5 килограми. Доматот бил доволен да се направат сендвичи за 21 човек.
- Доколку твор ве испрска со својот „миризлив“ спреј, бањањето во сок од домати е најдобар начин за да го отсраните мирисот.
- Постојат над 10,000 видови домати.
- Доматите може да имаат црвена, портокалова, жолта, зелена, па дури и виолетова боја.
- Сокот од домати бил прогласен за официјален државен напиток во Охајо во 1965 година.
Не згрешиле со изборот на сок, нели?