(Македонски) Јаготката на шлагот

Јагодата има мошне богата и интересна историја. Нема кој не ја сака и конзумира. Ја послужуваат со софистицирани пенливи вина, ја користат како засладувач на љубовниот живот и игри, ја ставаат како декорација на торти и слатки…  Изобилува со витамини и хранливи состојки, па затоа често во алтернативните лекови ќе ја сретнете неа или нејзиниот сок како главна состојка.

Pago sok, Badel

Денес ви претставуваме една поинаква страна на јагодата:

  • Јагодата е вкусен плод на растението кое спаѓа во групата fragaria  и е дел од фамилијата рози.
  • Малите црни точки на површината на јагодата се вели дека се семето на јагодата, но всушност тие се вид на суви мали овошки наречени Achene и самите тие содржат свое семе.
  • Од сите овошја, јагодите први созреаваат на пролет. Кога се зрели тие имаат јака црвена боја, сочни се и слатки, и за разлика од други оовошја, не продолжуваат да зреат после бербата.
  • Осум јагоди заедно ја содржат потребната дневна количина на витамин Ц за децата во раст и развој.
  • Јагодите успеваат и во чудни околности. Затоа се едни од најраспространетите овошја, бидејќи среќно растат на секое поднебје.
  • Бремените жени кои јадат јагоди или пијат сок од јагоди во текот на бременоста го намалуваат ризикот од појава на пореметување на развојот на плодот.
  • Јагодите ги надминуваат и морковите во нивната антиоксидантска вредност, поради која помогаат за спречување на појава на катаракта и други очни проблеми.
  • Доколку сите јагоди произведени само во Калифорнија се редат една до друга, тие ќе го обиколат светот дури 15 пати.
  • Киселината содржана во јагодата е најдобриот приороден обелувач на забите, отсранувајќи ги сите дамки од нив.

На здравје факти и Pago сок од јагода 🙂

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*