Сите имаме омилено овошје и сите знаеме понекогаш да се подзаборавиме јадејќи го или пиејќи сок од тоа овошје.
Но, дали да некогаш сте помислиле дека вашето омилено овошје и овошен сок можат да кажат многу работи за вас, за вашиот карактер, вашиот однос кон околината, па дури за вашиот љубовен живот?
Денес ќе ви помогнеме да се запознаете себе си малку повеќе на сладок и овошен начин.
Одберете си овошје од листата и прочитајте дали сте забавни, екстравагантни, импулсивни или можеби срамежливи и повлечени.
Јаболко
Доколку јаболкото е вашето омилено овошје и овошен сок, вие сте екстравагантна и импулсивна личност која секогаш искрено си го кажува својот став и мислење. Иако можеби не сте најдобри во организирање на самите себе, имате вештини на тимски лидер. Секогаш сте подготвени да влезете во акција и да преземете големи чекори напред. Обожувате да патувате постојано. Сепак, кога сте со партнер, успевате да го смирите својот дух. Поседувате голем ентузијазам за животот, кој ретко може да се види кај другите луѓе.
Праска
Вие уживате во сладоста на животот. Често пати животот за вас има вкус на сок од праска. Вистински пријател сте кој секогаш е искрен и со јасен став, и тоа ве прави мошне шармантни. Брзо простувате и заборавате кога ќе ви згрешат. Независни сте и амбициозни, секогаш брзо тргате во акција по она што го посакувате. Во љубовта вие сте идеален партнер – страствен и верен. Сепак, тоа го го покажувате само во приватни моменти, не и во јавност.
Портокал
Ако го одбравте портокалот и сокот од портокал, вие сте личност која е смирена, трпелива со силна волја да дејствувате кога треба. Работите секогаш ги извршувате полека, но темелно. Дури и обожувате да се спротиставувате на тешката работа. Знаете да бидете многу срамежливи. Пријателите ве сметаат за личност од доверба која вреди да се има покрај себе. Партнерот секогаш го одбирате внимателно. Љубите со целото свое срце и не ве привлекуваат краткотрајни забави и врски. Секогаш настојувате да ги избегнувате конфликтите, од било каква природа.
Круша
Оние на кои крушата и сокот од круша им се прв овошен избор, се личности кои доколку одлучат нешто да направат, нема да запрат дур не го сторат и обично работите ги завршуваат успешно. Но, ентузијазмот со кој ја започнуваат акцијата, полека спласнува во текот на остварувањето на целите. Резултатите на своите акции сакате да ги знаете веднаш. Обожувате мозочна активност и никогаш не ви е доста од долги, квалитетни дискусии. За нештата и луѓето во вашиот живот многу лесно ве фаќа возбуда и еуфорија. Тукуречи никогаш не се одмарате од активности. Махери сте за брзо стекнување пријатели, но се чини дека одржувањето на истите за вас е макотрпен процес.
Ананас
Брзо донесувате одлуки и веднаш стапувате во акција. Со голема храброст и одлучност донесувате одлуки за вашата кариера – тоа е ваша огромна предност. Имате одлични организациски способности и не постои задача што може да ве исплаши. Имате самодоверба и цврстина, секогаш сте отворени и искрени со луѓето околу вас. Не сте тип на личност што лесно се спријателува, ама кога ќе се спријателите, вие сте доживотен пријател. Многу ретко ја покажувате вашата романтична страна. Партнерот е секогаш импресиониран од вашата стабилност, но често разочаран поради тоа што не покажувате емоции.
Црна рибизла
Во суштина сте љубезна личност, но знаете и да избувнете. Сепак, брзо ви поминува. Ја уживате убавината во сите нејзини форми. Луѓето уживаат во ваше друштво поради вашата топла природа, по која и стекнувате популарност. Уживате во сè што правите во животот. Од партнерот единствено очекувате да ја споделува истата жед за животот како и вие, за да можете да функционирате и да уживате заедно.
Па, каков сок одбравте да се напиете? 🙂