(Македонски) Топ три овошни сокови за повеќе енергија ова лето

Топлото време знае да нè истошти и да ни одземе енергија. Поради високите температури апетитот ни е значително намален, а жедта не ни поминува.
За да се чувствувате енергични секој момент од летото, препорачуваме три овошни сокови кои несомнено ќе ви помогнат да се справите со високите толпотни бранови. Можете да ги пиете пред или после физички активности, помеѓу оброци, па можете дури и да замените оброк со некој од нив.

Сок од лимон или лимета – Сокот од лимон е најдобар летен освежувач и разладувач, со голем позитивен ефект врз нашето здравје. Вистински чудотворец е за дигестивниот систем. Изобилува со витамин C и ја чува енергијата на високо ниво.

Сок од јаболка – Лесен и здрав пијалок за летниот период. Може да се конзумира и наместо оброк, бидејќи ги содржи сите основни состојку потребни на организмот да остане силен и фит. Докажано е дека добро влијае врз работата на срцето и ја подобрува работата на белите дробови. Едноставно, овој сок мора да ви биде на листата на летни пијалоци.


Сок од лимoн и ѓумбир – Изобилува со витамини и претставува неверојатен лек за проблеми со стомакот. Присуството на минерали го подобрува изгледот на кожата и косата, и ја чуваат нивната хидратација и покрај силните сончеви зраци.

Pago во својата палета ги има сите три одржувачи на енергијата. Од кој прв ќе се напиете вие денес? 🙂

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*