Особено сме среќни и задоволни што и официјално може да го најавиме и да ве поканиме на петтиот VIGOR BARMEN CUP ’13, најголемиот натпревар во подготовување коктели во Македонија!
Оваа година, повторно домаќин на купот ќе биде градот со репутација на најдобри забави – Струмица! Купот ќе биде во рамките на Струмица Опен Фестивал, а ќе се оддржи во најдобрата дискотека во Струмица, Select на 12 август 2013 (пoнеделник), со почеток во 13 часот. Деталната програма на настанот може да ја прочитате на овој линк.
Сите љубители на добрата забава, убавото време и она што оди со него – освежувачки коктели, ќе може да уживаат во мајсториите на нашите најдобри коктел-виртуози: сите коктели ќе можат да бидат дегустирани од посетителите. 🙂
Веќе имаме определено две натпреварувачки категории: long drink и flair за кои ќе се натпреваруваат најдобрите и најумешни бармени и коктел-мајстори во Македонија. Победниците на овие две категории ќе добијат вредни парични награди.
Доколку сметате дека може да се качите на македонскиот коктел – трон, ве охрабруваме да се пријавите на ОВОЈ ЛИНК или на e-mail адресата badel@t-home.mk. (прочитајте ја и листата на пијалоци и правилата – 1 и 2). Се гледаме во Струмица!
3 thoughts on “(Македонски) Vigor Barmen Cup 2013”