(Македонски) Десет интересни факти за кајсијата

Во овој период од годината, веќе може да се најдат свежи кајсии. Ние решивме да ви споделиме неколку факти за ова овошје кои ќе ве натераат да го гледате на поинаков начин.

  • Кајсијата потекнува од Кина, каде се одгледува повеќе од 4.000 години.
  • Кајсијата се одгледувала во Ерменија уште од древноста, и толку долго се одгледувала таму што се сметало дека потекнува од таму.  Научното име на кајсијата, Prunus armeniaca („eрменска слива“) потекнува од таа претпоставка.
  • Според грчката митологија, кајсиите се „златните јаболка“ на Хесперидите – овошјето кое Херкул требало да го собере во единаесеттата од неговите 12 задачи.
  • Да се сонува за кајсии било знак за добра среќа во англискиот фолклор.
  • Плодот на кајсијата има дијаметар од 1.5 cm до 2.5 cm, и има големо количество на растителни влакна, а малку калории.
  • Во 30 грама кајсии има доволно бета-каротен за да ве обезбеди со 20% од дневните потреби за витамин А.
  • Кајсиите во Европа ги донел Александар Македонски.
  • Кајсиите се одличен извор на калиум, железо, витамин C и калциум.
  • Во Европа, кајсиите долго време се сметале за афродизијак.
  • Доколку не можете да најдете свежа кајсија, тука секогаш е Pago од кајсија! 🙂

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*