Како што веројатно повеќето од вас знаат, еден од настаните кои ја одбележуваат оваа недела е втората маркетинг конференција на „Капитал“ која е инспирирана од клучните зборови на современиот маркетинг: креативност, смелост и дигитализација!
На оваа, можеби најголема маркетинг конференција кај нас познати и признаени професионалци од креативната индустрија и од бизнисот ќе дебатираат за иднината на дигиталниот маркетинг, за моќта на креативната индустрија во Македонија, за потребата од поголема смелост во креативноста и како да се поттикнат и инспирираат компаниите и маркетинг креативците на подобри адвертајзинг решенија и поуспешен маркетинг.
Веруваме дека после повеќечасовната конференција и интензивната размена на маркетинг идеи, на присутните гости ќе им биде добредојдена разонода и меѓусебно дружење, па затоа оваа година Бадел 1862 Скопје е задолжен да ги олабави гостите по завршувањето на конференцијата со една кул коктел забава! 🙂
Оваа коктел – забава, за разлика од повеќето со тоа име, за присутините буквално ќе обезбеди шарени и вкусни коктели, направени, секако, со нашите производи: Vigor Vodka, Key Rum и Badel Pelinkovac!
За музичката програма ќе се погрижи DJ Mile од Antenna 5, кој со неговите afterwork забави во Центарот на Скопје стана своевиден специјалист за најдобриот музички избор после напорниот работен ден.
Освен коктелите и одличната музика ветуваме и многу други изненадувања кои на конференцијата ќе и донесат сосема нова, забавна димензија. 🙂
Блогираме.мк на конференцијата
Освен коктел забавата, со нас носиме и едно друго освежување, а тоа е Јован Димитров од blogirame.mk , најгласниот македонски агрегатор на блогови кој стана централно место на македонските блогери и твитерџии.
Длабоко веруваме дека иднината на маркетингот е во искрената, непосредна и одговорна комуникација меѓу компаниите и онлајн заедниците , па сметавме дека конференцијата не би била целосна без присуството на претставници на нашата млада и растечка блог/твитер заедница, која може да научи од маркетинг размислувањата на компаниите, но и да придонесе во уште позабавен, поинспиративен, па и подемократски маркетинг.
Ова е прва соработка помеѓу Бадел 1862 Скопје и „Блогираме“, но најавуваме дека нашата дружба со македонските блогери и твитерџии ќе продолжи и ќе се прошири како во онлајн, така и во офлајн светот.
One thought on “Badel 1862 with a cocktail party at the second marketing conference organized by “Kapital””